Етрурска азбука
Од Википедија, слободна енциклопедија
Етрурска, Староиталска | ||
---|---|---|
Тип: | азбука | |
Јазици: | Италски јазици, Етрурски, Рецки | |
Временски период: | VII до I век п.н.е. | |
Матични писма: | Феникиска азбука Кимска азбука Етрурска, Староиталска |
|
Писма-потомци: | Латиница, Рунска азбука | |
Сестрински писма: | Малоазиски азбуки | |
ISO 15924 код: | Ital |
- Забелешка: Оваа статија содржи специјални знаци.
Етрурска или староиталска азбука се однесува на неколку изумрени азбуки во употреба на Апенинскиот полуостров во антиката за разни (главно италски) и неиндоевропски (на пр. етрурски) јазици.
Овие азбуки водат потекло од евбејската грчка кисмата азбука, во употреба во Исхија и Кими во Неаполскиот залив за време на VIII век п.н.е.. Кимската азбука пак, била доста слична на феникиската, заради феникиското влијание за западно-централното Средоземје.
На италскиот огранок му припаѓаат разни индоевропски јазици (фалиски и членови на Сабелијанската група, како оскскиот, умбријскиот и јужнопикенскиот, како и други индоевропски ограноци како венетскиот и месапскиот) кои ја користеле оваа азбука. Фалискиот, оскската, умбријската, севернопикенската и јужнопикенската потекнуваат од етрурската форма на азбуката.
Германската рунска азбука најверојатно води потекло од една од овие азбуки (II век).
Содржина |
[уреди] Етрурската азбука
Не се знае дали процесот на прифаќање на грчката азбука се случил во Италија од првата грчка колонија, градот Кими, или пак во Грција/Мала Азија. ВО секој случај ова била западногрчка азбука. Кај азбуките на западот, X имал звучна вредност [ks], Ψ означувал [kʰ]; на етрурски: X = [s], Ψ = [kʰ] или [kχ] (Rix 202-209).
Најраниот етрурски абецедариум, наречен таблица од Марсилијана д'Албења (близу Гросето) која датира од ц. 700 п.н.е., дава 26 букви кои соодвествуваат на современите облици на грчката азбука сан и копа, но кои сеуште ја немале буквата омега.
Ψ | Φ | X | U | T | S | R | Q | Ś | P | O | Ξ | N | M | L | K | I | Θ | H | Z | V | E | D | G | B | A |
Ψ | Φ | ![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Сѐ до околу 600 п.н.е., архаичната етрурска азбука останала непроменета, а правецот на пишување бил по волја на пишувачот. Меѓутоа по ова се случиле еволуции на азбуката, водени од фонологијата на етрурскиот јазик, и буквите за фонеми кои не постоеле во етрурскиот биле изфрлени. Веќе во 400 п.н.е., цела Етрурија ја користела класичната етрурска азбука од 20 букви, која главно се пишувала од десно на лево:
- ACEVZHΘILMNPŚRSTUΦΨF
МОже да се забележи дека додатен знакл во облик сличен на бројката 8, транскрибиран како F, постоел во лидиската и етрурската азбука (Jensen 513). Неговото потекло е спорно; ова можеби било променето B или H или новосоздадена буква (Rix 202). Нејзината звучна вредност била /f/ и го заменила етрурското FH. Од друга страна некои букви престанувале да се употребуваат: B и D се сметале за излишни на местото на P и T. K било исфрлено на местото на G (транскрибирано и како C). O исчезнало и било заменето со U. Во текот на поедноставувањето, излишните букви покажуваат тенденција кон слоговник: C, K и Q главно се користеле во контекстите CE, KA, QU.
Оваа класична азбука се употребувала сѐ до II век п.н.е. кога почнала да се контаминира со подемот на латиницата. Наскоро потоа, самиот етрурски јазик изумрел.
[уреди] Оскска азбука
Оските веројатно ја прифатиле архаичната етрурска азбука за време на VII век п.н.е., меѓутоа препознатлива оскска варијанта на азбуката не гледаме пред V век п.н.е. Оските ја прошириле класичната етрурска азбука со додавање на долги варијанти на I и U, транскрибирани како Í и Ú. U го означувало оскското o, додека Ú се користело за u.
- ABGDEVZHIKLMNPŚRSTUFÚÍ
[уреди] Азбука од Лугано
Азбуката од Лугано се користела за запишување на лепонтски написи, како едно од најстарите сведоштва за келтски јазици, во употреба од VI до V век п.н.е. Оваа азбука има 17 букви, изведени од архаичната етрурска азбука:
- AEIKLMNOPRSTΘUVXZ
Оваа азбука не разликува звучни од затворени согласки, т.е. P означува /b/ или /p/, T означува /t/ или /d/, K означува /g/ или /k/. Z веројатно означувало /ц/. U /u/ и V /w/ биле засебни. Θ веројатно означувало /t/, а X означувало /g/. ПОостојат тврдења дека сродно писмо е пронајдено во Глозел, Франција.
[уреди] Рецки азбуки
Азбуката од Санцено (како и од Болцано), околу 100 рецки написи.
Азбуката од Сондрио, западнорецки и камунски написи.
Азбуката од Магре, источнорецки написи.
[уреди] Азбука од Есте
Слични, но не исти написи како кај Магре, венетски написи.
[уреди] Латиница
- Главна статија: Латиница
21 од 26-те архаични етрурски букви биле прифатени во старолатинскиот јазик од VII век п.н.е., или непосредно од кисмата азбука, или преку архаични етрурски форми, кои, споредени со класичната етрурска азбука, ги задржале буквите B, D, K, O, Q, X, но ги отфрлиле Θ, Ś, Φ, Ψ, F (етрурско U е латинско V, етрурско V е латинско F).
- ABCDEFZHIKLMNOPQRSTVX
[уреди] Уникод
Уникодната низа U+10300–U+1033F е резервирана за „Староиталски“ без назначение за конкретна азбука (i.e. стаориталските азбуки се сметаат за еквивалентни, а користениот фонт ја одредува варијантата).
Буква | Транслит. | Име | Буква | Транслит. | Име | Буква | Транслит. | Име |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
𐌀 | a | а | 𐌁 | b | бе | 𐌂 | c | ке |
𐌃 | d | де | 𐌄 | e | е | 𐌅 | v | ве |
𐌆 | z | зе | 𐌇 | h | хе | 𐌈 | þ | те (θе) |
𐌉 | i | и | 𐌊 | k | ка | 𐌋 | l | ел |
𐌌 | m | ем | 𐌍 | n | ен | 𐌎 | š | еш |
𐌏 | o | o | 𐌐 | p | пе | 𐌑 | ś | ше |
𐌒 | q | ку | 𐌓 | r | ер | 𐌔 | s | ес |
𐌕 | t | те | 𐌖 | u | у | 𐌗 | x | екс |
𐌘 | ph | фе | 𐌙 | ch | хе | 𐌚 | f | еф |
𐌛 | ř | ерс | 𐌜 | ç | че | 𐌝 | í | ии |
𐌞 | ú | уу | 𐌠 | I | 1 | 𐌡 | V | 5 |
𐌢 | X | 10 | 𐌣 | D | 50 |
[уреди] Видете исто така
- Неговски шлем
- Малоазиски азбуки
[уреди] Надворешни врски
- Датотека со етрурски написи (англиски)
- Староиталски Уникод (англиски)
- Етрурската азбука (англиски)
- Староиталски азбуки (англиски)
- Етрурски (англиски)
- Оскски (англиски)