Западни Покраини
Од Википедија, слободна енциклопедија
Западни Покраини (на бугарски: Западни покрайнини) е политичко-географски и историски термин, кој се појавува во Бугарија по Првата Светска војна за обележување на териториите, кои по стапувањето во сила на Нејскиот мировен договор се присоединети кон Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (Кралство Југославија по 1929).
Поголемиот дел од тие територии (1545 km²) денес се наоѓаат во составот на Република Србија, познати под името „Западне Покрајине“, а помалиот дел (1028 km², односно Струмичко) денес се наоѓа во Република Македонија.
Денес, овој термин е често употребуван од страна на бугарските националисти кои што пројавуваат територијални претензии кон Македонија и Србија.