Илузија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Илузија е дисторзија на сетилната перцепција. Секое од човечките сетила може да биде измамено од илузија, но визуелните илузии се најпознати. Некои илузии се субјективни; различни луѓе можат да искусат една илузија различно или пак и воопшто да не ја искусат.
- Една оптичка илузија, како на пример лажна перспектива, се базира на претпоставките на човечкиот визуелен систем.
- Фатаморгана е оптичка дисторзија низ атмосферата што може да биде фотографирана. Иако согледаната стварност (како што е вода сред пустина) е илузорна, сликата (на рефлектираната површина) е вистинска.
- Аудиоторна илузија, како што е познатиот Шепардов тон, се базира на сетилото за слух.
- Допирна илузија се базира на сетилото за допир.
- Сценска магија е една популрана форма на забава базирана на илузија. Магионичарите се користат со трикови да ја убедат својата публика дека навидум невозможни настани се случиле.Види магија (илузија).
Во психијатрија поимот илузија се однесува на една специфична форма на сетилна дисторзија. За разлика од формата халуцинација, која што претставува сетилно искуство во отсуство на стимул, една илузија опишува дисторзија на перцепција што води кон неточна интерпретација и разбирање на стимулот. На пример, слушање гласови без разлика на средината би била халуцинација, додека слушање на гласови што се појавуваат само од звукот на вода што тече би била илузија.
[уреди] Види исто така
- заблуда
- когнитивна пристрасност
- симулирана реалност
- Херман вон Хемхолц