Инголштат
Од Википедија, слободна енциклопедија
Инголштат (на германски Ingolstadt) е град во централна Баварија, Германија. Низ него поминува реката Дунав. Има околу 121,801 жител, со што тој е меѓу шесте најголеми градови во Баварија.
Седиштето на германскиот автомобилски производител ,,Ауди" се наоѓа во Инголштат, како и седиштата на електронските продавници MediaMarkt и Saturn.
Инголштат е поврзан со Нирнберг преку 300km/h брза железничка линија.