Кантербури, Нов Зеланд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кантербури (англиски: Canterbury) е регион во Нов Зеланд кој главно се состои од Кантербурската рамнина и околните планини. Главен град на регионот е Крајстчерч, каде се наоѓа Кантербурскиот Регионален Совет и Кантербурскиот Универзитет.
[уреди] Географија
Кантербури е најголемиот регион во Нов Зеланд, со површина околу 42,200 км². Ограничен е со реката Конвеј на север и Јужните Алпи на запад. Јужно границата му ја дефинира реката Ваитаки.
Регионот се дели на Северен Кантербури (северно од реката Ракаиа), Среден Кантербури (од реката Ракаиа до реката Рангитата) и Јужен Кантербури (јужно од реката Рангитата). За многу цели Јужен Кантербури се смета за посебен регион, со седиште во градот Тимару.
[уреди] Вински региони во Кантербури
Кантербури има две главни вински области. Овие се Ваипара и околината на Крајстчерч, која обично се нарекува едноставно Кантербури. Во последно време сортни вина се прават и појужно во Куроу.
Во Кантербури доминира белото вино како from Ризлинг, Совињон Бланк, Шардоне, Гевурцтраминец, и во помала мера Пино Бланк и Пино Гри. Сортата Пино Ноар успева во областа, особено во Ваипара.
[уреди] Извори
- rulers.org (англиски)
- An Encyclopaedia of New Zealand, edited by A. H. McLintock, 1966
- Совет на град Крајстчерч (англиски)
Северен остров: |
Нортленд | Окленд | Ваикато | Залив на изобилството | Гизборн¹ | Јастребов залив | Таранаки | Манавату-Вангануи | Велингтон |
Јужен остров: |
Тансман¹ | Марлборо¹ | Нелсон¹ | Западен Брег | Кантербури | Отаго | Саутленд | Фјордленд² |
¹ Унитарни административни единици ² Само неформално; официјално непризнаени ентитети |