Капитализам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Капитализам е економски систем во кој сите или повеќето средства на производство се во приватна сопственост и се користат за остварување профит, и каде инвестициите, производството, дистрибуцијата, приходот, и цените се одредуваат преку делувањето на „слободниот пазар“ наместо преку централизираната државна контрола како во командната економија. Денес капитализмот е доминантен економски систем во светски рамки.