Кареареа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кареареа Заштитен статус: Ниж ризик (nt)
|
|||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() |
|||||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||||
|
|||||||||||||||
|
|||||||||||||||
Falco novaeseelandiae Гмелин, 1788 |
|||||||||||||||
|
Кареареа или Новозеландски сокол (Falco novaeseelandiae) е единствениот ендемски сокол на Нов Зеланд, кој често се помешува со поголемата и почеста барска еја.
Птицата живее во густ грм и стрмните падини на Јужниот остров и ретко се гледа северно од централниот дел на Северниот остров. Иако е заштитен уште од од 1970, оваа птица сеуште се смета за ранлив вид.
Кареареата е екстремно брза и агилна птица која достигнува брзина на летање од 200 км/ч. Најголемиот дел од пленот таа го фаќа за крило, а го унива со т.н. „заб“ кој се наоѓа на клунот, за разлика од други соколовидни кои го убиваат пленот со нозе или канџи.
Се разликува од многу поголемата барска еја (Circus approximans) кој често се среќава насекаде во Нов Зеланд, по тоа што другите птици ги фаќа за крило и ретко јаде мрши. Ова е агресивна и прилично насилна птица при бранењето на својата територија. Напаѓа кучиња, а и луѓе.
Со распон на крилја од околу 45 см и тежина ретко поголема од 450 г, кареареата е речиси двојно помала од птицата каху (барска еја), која првата ја напаѓа веднаш штом ќе ја види. Мажјаците се 1/3 помали од женките.
Кареареата е испечатена на реверсот од банкнотата $20, на две различни поштенски марки, како и на колекционерски монети.