Контракција на должината
Од Википедија, слободна енциклопедија
Контракција на должината претставува т.н. скусување на должината на телата во правец на нивното движење како последица на различните линиски димензии во систем во кој тоа мирува (должината ќе биде поголема, реална должина) и во систем во однос на кој тоа тело се движи (се јавува контракција на должината). Контракцијата на должината не е последица од дејство на некоја сила и при тоа во телото не настануваат никакви механички деформации. Суштинска промена на телото нема, т.е. реалните својства остануваат непроменети. Станува збор само за промена на должината на тоа тело во однос на разни референтни системи.