Кораб
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кораб е планина во Македонија, на границата со Албанија. На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во земјата - Голем Кораб кој е висок 2764 метри надморска височина. При изработката на дигиталната географска карта на Република Македонија од страна на јапонски експерти е утврдено дека Голем Кораб е повисок, па според премерувањата тој е повисок за 88 метри, но тоа сеуште не е официјално верифицирано. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север.
Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб се одржува во почетокот на септември секоја година по повод 8 септември денот на независноста на РМ.
[уреди] Врвови
По Голем Кораб, планината Кораб има повеќе врвови преку 2000 метри надморска височина. Меѓу врвовите кои се доста непроодни најзначајни се:
- Кепи Бард (2595m)
- Мала Корабска Врата (2475m)
- Кабаш (2395m)
- Цигански Премин (2295m)
- Плоча (2235m)
- Висока Карпа (2090m)
Овие врвови се случајно раздвоени преку тектонски движења кои прават форми на блокови кои завршуваат со долината на реката Радика. Овие блокови случајно имаат направено дупки кои достигнуваат и до 500m длабочина.
Необично забележливи се алпските предели на Кабаш и неколку други непроодни врвови. Во највисокиот дел, над 2000m, климата е алпска и вклучува елементи од алпската флора. Според мислењето на голем број научници, Кораб е најубавиот планински релјеф во Македонија.
[уреди] Водопад
Најголем водопад во Македонија е водопадот на „Длабока река“ под врвот Мал Кораб (2500m) со висина од 136 метри. Нема извор кои го предизвикува овој водопад. Тој постои само во пролетните месеци додека се топи снегот.