Крсто Енчев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Крсто Енчев (1912 - 1999) уште како новороденче ја доживеал судбината на бегалец, и таквата судбина ќе го следи до крајот на животот.
По убедување бил анархист и антикомунист, поради што е прогонуван од бугарскиот комунистички режим. Во 1950 година преку Грција емигрира во Австралија. Таму, тој е еден од водечките организатори на македонската дијаспора. Заедно со уште неколкумина македонски емигранти во 1980 година го основа весникот “Народна Волја“, чие излегување ќе го помага до крајот на животот. Почина во Австралија.
Својот бурен живот Енчев го има опишано во книгата “Автобиографија - спомени“. Спомените му се пишувани на англиски јазик, а во превод на бугарски јазик се објавени во Бугарија, првиот дел во Софија во 1999 година, и вториот дел посмртно во Благоевград во 2003 година.
[уреди] Литература
- Крсто Енчев: "Автобиографија - спомени", прв дел - Софија, 1999
- Крсто Енчев: "Автобиографија - спомени", втор дел - Благоевград, 2003
- Весник „Народна волја“, Благоевград, 1999 - 2006