Лагадинско Езеро
Од Википедија, слободна енциклопедија
Лагадинско Езеро Λίμνη Κορώνεια |
|
---|---|
Податоци | |
Надм. висина: | 75 м |
Површина: | 46.2 кв.км |
Максимална должина: | м |
Максимална ширина: | м |
Максимална длабочина: | 8 м |
Лагадинско Езеро (на грчки: Λίμνη Κορώνεια, Лимни Коронија), е езеро во Егејска Македонија, Република Грција, дел од групата на Егејските езера. Понекогаш се среќаваат и имињата Ајвасилско езеро, Агиос Василис (Agios Vassilios), Лимни Лагада (Λίμνη Λαγκαδά). Наоѓа се на 30 км североисточно од Солун.40°:41‘ северна ширина, 23°:09° источна должина. Поврзано е преку два природни канала на исток со Бешичкото Езеро, со коешто сочинуваат заеден екосистем.[1]
Содржина |
[уреди] Хидролошки податоци
Во седумдесетите години езерската површина изнесувала 46,2 км² и длабочина од 8 метри.Во наредните 20 години обемот на езерото критички се смалил, така што во 1995 веќе било со површина 30 км² и длабочина од 1 метар. 2002 целосно е исушено, а во 2003 е делумно востановено со максимална длабочина 0.9 метри. Како резултат цути цианобактеријата Prymnesium parvum, што пак води до масовна смрт на птици и риба.[2]По изработувањето на план за справување со еколошката криза и неговата реализациј, во 2004 езерската површина е 34,39 км².[3] Езерото е плитко, еутрофно, со мала количина на кислород во водата летно време.