Лазе Еленовски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Лазар Еленовски (роден на 19 март 1971 година во Скопје) е Министер за одбрана на Република Македонија од 26 октомври 2006.
Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј каде е и студент на постдипломски студии од областа на Економски развој и меѓународни финансии.
Во февруари 1992 година станува член на СДСМ. Основач е и генерален секретар нa Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, кога станува и нејзин претседател до 2001 година. По парламентарните избори во 2006 година во август 2006 година преминува во членство на НСДП.
Од март 2001 година до декември 2005 ја извршувал функцијата генерален секретар на Евро-атлантски клуб на Македонија, а во декември истата година е избран за претседател на Евро-атлантски совет на Македонија, членка на Атлантската асоцијација (АТА), која обединува 40 национални атлантски асоцијации од Северна Америка до Средна Азија. Со Евро-атлантскиот клуб на Македонија, како организација чија мисија е промоција и имплементација на евро-атлантската идеја и вредности во македонското општество спровел повеќе кампањи за промоција и поддршка на НАТО и ЕУ интегративните рпоцеси на Македонија и за промоција на Јадранската повелба преку локалната кампања „Во јато кон НАТО“ спроведена во соработка со мрежа на невладините организации низ земјата и локалните власти.
Од февруари 2005 година бил член на работната група на македонската Влада за формулирањето на Комуникациската стратегија за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО. На функцијата заменик генерален диркетор на ЈСП-Скопје бил од април 2001 до мај 2005 година. Основач е на НВО Млади европјани за безбедност - Македонија во 1995 година. Покрај мајчиниот македонски, Еленовски зборува албански, англиски, српски и хрватски јазик. Оженет е и татко на едно дете.
Претходник: Јован Манасијевски |
Министер за одбрана на Република Македонија 2006– |
Наследник: нема |
![]() |
Министри за одбрана на Република Македонија |
Трајан Гоцевски | Владо Поповски | Благој Ханџиски | Лазар Китановски | Никола Кљусев | Љубен Пауновски | Владо Бучковски | Јован Манасиевски | Лазар Еленовски |