Ливада
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ливада е ареал од рамен или нерамен терен каде предоминираат треви. Обично местото наречено ливада има повеќе биодиверзитет отколку пасиштето бидејќи тоа содржи не само трева, туку и многубројни едногодишни, двогодишни и многугодишни растенија.
Содржина |
[уреди] Преодни ливади
Преодна ливада се јавува кога едно поле, пасиште, обработливо земјиште или друга исчистена земја повеќе не се исползува за земјоделство или пасе во голема мера и истото почнува да обраснува. Меѓутоа штом условите за ливада се достигнат, оваа состојба е само привремена, бидејќи овие колонизатори ќе бидат засенчени од дрвестите растенија кои ќе надојдат и добро ќе се прилагодат.
[уреди] Вечна ливада
Вечна ливада е онаа ливада каде животните околности засекогаш не им даваат на дрвестите растенија да виреат. На пример:
- Алпски ливади се јавуваат на поголеми височини и се одржуваат со суровите климатски услови
- Крајбрежни ливади се одржуваат со прскањето на солената вода
- Пустински ливади се одржуваат со ниски количини на атмосферски врнежи
- Прерии се одржуваат со периоди на сурови суши и како такви се подложни на шумски пожари
[уреди] Видете исто така
[уреди] Наводи
- Корнелов Универзитет (англиски)
- Вашингот Пост, „Денес 32,000 семиња; утре, ливада“ (англиски)
[уреди] Надворешни врски
- Садење ливада (англиски)