Разговор:Македонци-муслимани
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дали сметате дека оваа статија би требало да се пренасочи во статија со име Македонци (муслимани) или Македонци муслимани (Торбеши) со оглед на тоа дека сепак името Торбеши е навредливо и погрдно. - Македонец 15:59, 3 ноември 2006 (UTC)
- Апсолутно. Ќе го префрлам во Македонци (муслимани). --FlavrSavr 13:00, 4 ноември 2006 (UTC)
- Мене некако не ми личи ни муслимани, можеби во заграда да стои (муслиманска вероисповед). --brest 19:13, 13 март 2007 (UTC)
Дали постои друг збор наместо торбеш? Користењето на овој збор е битен за да нема бунење со оваа статија со на пр., Македонци од албанско потекло кои и се муслимани. --Johan1298 19:29, 13 март 2007 (UTC)
- Па сега зависи од кој аспект ги гледаш работите. Национална припадност, верска определба, државјанство. Категоријата луѓе за која зборуваме се Македонци по националност со исламска верска определба, а може ама не мора да се државјани на Македонија (Република Македонија), може а не мора да живеат во Македонија (етничка македонија), македонци муслимани има и во Европа, Америка и сл. Ако го имаме во предвид државјанството и верската определба, тогаш под македонци муслумани можат да се подведат и луѓето со албанска национална припадност, ама и оние со труска национална припадност, односно било која друга национална припадност.
Заради тоа мислам зборот торбеш можеби треба да биде употребен. --Johan1298 19:52, 13 март 2007 (UTC)
Терминот торбеш е погрден збор за овие луѓе. Од друга страна имаме термин помаци за истата категорија на луѓе само од Пиринска Македонија, кој исто така е погрден збор. Торбеш е термин за оваа категорија на луѓе од Република Македонија (Вардарска т.е. Јужна Србија / Вардарска Бановина, според српската пропаганда). Јас сметам дека овде се работи за негативна пропаганда на нашите мили соседи со намера да се омаловажи оваа категорија на македонци а со самото тоа и целината.--brest 20:00, 13 март 2007 (UTC)
Океј, нека си стои. Ама дали знаете оти ако се пребара торбеши автоматски го пренасочува читателот кон оваа статија. Што значи, е скриено како титула, ама не баш. --Johan1298 20:08, 13 март 2007 (UTC)
- Тоа е работа за администраторите, треба да го тргнат пренасочувањето. Ако некој од нив го следи нашиов разговор тогаш нека превземе нешто.--brest 20:23, 13 март 2007 (UTC)
Мислам дека тоа што Торбеш пренасочува кон Македонци (муслимани) не е ништо лошо. Статијата не ја нарушува НГТ. Всушност, било кој да сака да најде податоци за Македонците-муслимани, нема да напише Македонци (муслимани), туку како во секојдневниот говор - Торбеши. Затоа е и пренасочувањето. Boyan 20:32, 13 март 2007 (UTC)
- Може и така, ама може и да напише торбеш па пребарувачот да ги излиста страниците каде се јавува тој термин, меѓу кои и страницата Македонци (муслимани), а сепак да не се форсира погрдниот термин. Иначе кога разговараме за пренасочување од овој тип и симболиката на пренасочувањето кога се работи за погрдни термини или термини кои не ни одат во прилог, гледам дека истото тоа е направено и со ПЈРМ, па директно не пренасочува на Република Македонија?????!!! Да замислиме сега ситуација некому да му текне да изврши пренасочување македончиња --> Македонци????!!!! се употребува во секојдневниот говор. Треба добро да се размислат овие работи.--brest 21:20, 13 март 2007 (UTC)
Немам забележано за ПЈРМ. Веднаш ќе го избришам тоа пренасочување бидејќи е грчкa гледна точка, а најверојатно тоа го има направено некој од трајно блокираните грчки корисници тука, како Корисник:GrekoMakedonski кој е активен и на англиската Википедија како Telex или пак Domitius во статиите за Македонија. Boyan 22:35, 13 март 2007 (UTC)
[уреди] Македонци - муслимани - торбеши
Чувствителна тема. Еве некои линкови кои може да ни помогнат да расчистиме некои работи:
Торбеши е синоним за дел од исламизираните Македонци, кој е измислен како погрден збор. Постојат и други такви називи за Македонците со исламска вероисповед, како Реканци, Горанци, Помаци и други. Торбешка група се исламизираните Македонци од скопската торбешка група, населени во Долно Количани, Света Петка и во неколку други села во Скопско. Ние не сме со ништо различни од Македонците со православна вера, ни по говорот, ни по ликот, ни по традицијата. Во религијата нема специфичности. Во Бога се верува еднакво - вели Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.
Примањето на исламот од страна на Македонците Мијаци во Река е процес кој започнал уште во XVI а траел сè до втората половина на XIX век. Меѓутоа, овој премин од една во друга конфесија не се случувал масовно туку поединечно и траел долг временски период.
....
Следен документ кој говори за исламизацијата на Македоците е писмото на султанот Јахја до римскиот папа од 1644, во кое се говори за премин во ислам на голем број христијански семејства. Тој говори за премин на 800 католици од горен и долен Дебар и на уште 800 луѓе од Река во ислам.
...
Исто така, стратешка цел на Турците во доцното средновековие била и создавање на муслимански појас помеѓу бунтовните Албанци и битните клисури (Реканската и Кичевско-Јамската).
- Демографските промени во Македонија од крајот на 14 век до балканските војни - книга на Глигор Тодоровски
- Исламизацијата на Торбешите и формирањето на торбешката суб-група - докторска дисертација на др. Галаба Паликрушева
--brest 09:51, 14 март 2007 (UTC)ж
[уреди] Македонци-муслимани или Македонци (муслимани)
Сметам дека статијата треба да се врати со тоа муслимани во заграда бидејќи вака со цртичка, добива поголемо значење на одделеност од останатите Македонци православни, католици итн. - 62.162.208.176 12:28, 14 март 2007 (UTC)
- Но мора вака да биде. Начинот на пишување на таков поим е тој и нема друг. Употреба на заграда за такви случаи досега немам видено. По мое гледање, тука не станува збор за никаква сегрегација и поделеност, туку едноставно соодветна примена на македонскиот правопис. Вака може да се направи и со македонците-католици, македонците од различни протестански вери, или за било кои македонци со неофицијална вероисповест (неправославна). За православните пак, бидејќи таа е официјална вера, и нејзините припадници се во неспоредливо огромно мнозинство, не би било коректно да се употреби „македонци-православци“. Во тој случај би испаднало инфантилно да бараме реципроцитет само заради тоа што некој би се почувствувал одделен. Имено, доколку нечија вера е малцинска (и тоа многу малцинска) во рамките на македонскиот етнос, разликата е веќе создадена (на каков било начин, или во која било мера) и сметам дека цртичката не би придонела ништо кон било какво понатамошно поделување или антагонизирање на тие луѓе.--Б. Јанкулоскиразговор 02:12, 17 март 2007 (UTC)