Манифестации по повод Младотурската револуција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Филм од 1908 година, во времетрање од 2 минути. Филмот е снимен во стандард техника, без звук, во црно бела техника и 35мм.
Масовноста, големината, значењето и вербата што кај народот го предизвикало прокламирањето на Младотурската револуција најдобро се гледа токму од овој материјал, иако тој е снимен само со 5 кадар-секвенци. Во него е регистрирана голема колона народ, офицери, воен оркестар како минуваат низ улиците на Битола.
Сниматели и режија: Јанаки и Милтон Манаки.