Мачешка фуга
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фуга во Г мол, Кк. 30, од Доменико Скарлати е соната за чембало со еден став, популарно наречена Мачешка фуга или Мачја фуга.
Содржина |
[уреди] За прекарот
Композицијата не го добила својот прекар пред XIX век и затоа самиот композитор така никогаш не ја нарекувал. Приказната за прекарот доаѓа од една случка која го навела композиторот на залчудувачки необичен мотив врз основа на кој е компонирана фугата. Според преданието Скарлати имал мачка по име Пулчинела, која според самиот тој, многу сакала да шета по клавијатурата (чмебалото) бидејќи многу ја интересирале звуците.
По една прилика мачката прошетала по клавијатурата и Скарлати ја запишал фразата која излегла од таа „импровизација“, подоцна употребувајќи ја како водечки мотив во оваа фуга:
Прекарот почнал да се употребува на концертните програми во XIX век, а и во изданијата на Клементи, Черни и Лонго.[1]
[уреди] Влијание
Кк. 30 била издадена во Лондон во 1739. Хендл, познат по повторното искористување на своите и туѓи дела, ги компознирал своите Големи Концерти (Concerti Grossi) Оп. 6 помеѓу крајот на септември и крајот на октомври 1739 и чудните надолни интервали во вториот став Бр. 3 потсеќаат на Мачешката фуга.[2]
[уреди] Изведби
Кк. 30 одсекогаш уживала популарност. Франц Лист — кој дознал за делото од римскиот колекционер на партитури Абе Сантини — ја приклучил кон својата програма во Берлин во раните 1840-ти; ја има изведувано и Игназ Мошелес; двајцата ја изведувале под името Мачја фуга
[уреди] Белешки
- ↑ Книшка во ЦД комплетот Scarlatti: The Keyboard Sonatas во изведба на Скот Рос; стр. 143
- ↑ Simon P. Keefe, The Cambridge Companion to the Concerto, стр. 63. Cambridge University Press, 2005. ISBN 0-521-83483-X.
[уреди] Надворешни врски
- Партитура за фугата (англиски)