Микроекономија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Микроекономија е дел од економијата кој се занимава со проучување како индивидуите, домаќинствата и компаниите донесуваат одлуки за алокација на ограничените ресурси, посебно на пазарите каде стоките или услугите се продаваат или купуваат.
Микроекономијата испитува каков ефект имаат овие одлуки и однесувања врз понудата и побарувачката на добра и услугите, кои ги одредуваат цените, и како цените, обратно, ја одредуваат понудата и побарувачката на стоките и услугите.
[уреди] Преглед
Еден од целите на микроекономијата е да ги анализира механизмите на пазарот кој ги воспоставува релативни цени на стоките и услугите и алокација на ограничените ресурси за нивно алтернативно користење.