Микротубула
Од Википедија, слободна енциклопедија
Микротубулите (од грчки micros - мал, tubulus - цевче) се цевковидни органели изградени од 13 надолжни редови од глобуларниот протеин наречен тубулин, чиишто молекули се димери составени од α и β протеин. Микротубулите се наоѓаат во сите клетки, бидејќи го градат клеточниот скелет кој ја одржува формата на клетката. Тие на светлински микроскоп се видливи само во сноп, додека на електронски микроскоп се гледаат и поединечно. Микротубуларниот лумен има дијаметар од 25 nm.
Микротубулите настануваат спонтано, односно со полимеризација на тубулинските димери, кои, инаку се присутни во цитоплазмата.
Покрај во цитоскелетот, микротубулите учествуваат и во најразлични движења на клеточните органели. На пример, тие ги придвижуваат хромозомите при кариокинезата, потоа играат улога во движењето на трепките и камшичињата, како и во движењето на различни органели што можат да го менуваат местото (митохондрии и сл.).