Мориорски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мориорскиот јазик е малајо-полинезиски јазик најсроден на маорскиот. Тоа е мајчиниот јазик на народот Мориори, кои се староседелците на Четемските острови (Нов Зеланд).
The инвазијата од Таранаки од 1835 г. извршила големо влијание врз културата и јазикот на мориорите, со тоа што веќе во 1870-тите малкумина знаеле да го зборуваат мајчиниот јазик[1] Меѓутоа, Семјуел Дејгтон, Престојниот Мировен судија на Четемите од 1873 до 1891 год, составил чраток вокабулар на мориорски зборови, заедно со нивните еквиваленти на мароски и англиски. Вокабуларот е издаден во прилог на Кинговата книга „Moriori; A People Rediscovered“.
Овој јазик бил реконструиран за употреба во делови од филмот „Перја на мирот“ („Feathers of Peace“), кој во документарен стил ја пресоздал историјата на контактите помеѓу мориорите со маорите и белците (пакеха).
Иако се смета за изумрен јазик, постојат ставови според кои мориорскиот јазик сеуште се зборува од неколку лица на Четемските острови, како и некои во самиот Нов Зеланд. Но ова не е докажано и представува тема на дебата.
Мориорското име за Четемските острови („Четемите“) е Рекоху.