Никола Јанев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Никола Јанев (Охрид, 1916 - Охрид, 1986) е македонски публицист.
Завршил право во Белград, и уште како студент почнал да објавува написи во тогашните весници. Тема на неговите репортажи се луѓето и настаните во неговиот роден град. Дел од неговото творештво му е објавено посмртно во книгата „Маргиналии за мојот град“, издадена во 1998 г.