Облак
Од Википедија, слободна енциклопедија
Облак е видлива маса на кондензирани капки или замрзнати кристали во атмосферата над површината од Земјата или некое друго планетaрно тело. Гранката од метеорологијата која се занимава со проучување на облаците се нарекува нефологија.
На Земјата кондензираната материја всушност е водена пареа, која формира мали капки или кристали на мраз, најчесто со големина на дијаметарот од 0.01 mm. Групирани милијарди капки односно кристали формираат облак, кој е видлив објект во атмосферата.
- Стратус: Безобличен низок облак на планинските врвови.
- Кумулонимбус: Многу голем низок облак при невреме.
- Кумулус: Бели облаци, како памук при убаво време.
- Алтокумулус: На средна висина, грутчести облачиња при променливо време.
- Цирокумулус: Високи мали облачиња при променливо време.
- Цирус: Висок облак, во вид на прамен при убаво време.
[уреди] Види исто така
- Нефологија
- Магла
- Торнадо
- Ураган
- Монсун
- Грмотевица
[уреди] Надворешни линкови
![]() |
Ова е недовршена статија за наука. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |