Општина Дојран
Од Википедија, слободна енциклопедија
Општина Дојран е општина во Јужна Македонија. Центар на општината е градот Стар Дојран.
Општина во Република Македонија | |
---|---|
Карта | |
|
|
Знаме | Грб |
|
|
Име: | Дојран |
Седиште: | Стар Дојран |
Површина: | 129,16 km² |
Население: | 3426 |
Густина: | 26,53 жители на km² |
Број на населени места: | 13 |
Населени места: | Селата: Дурутли, Ѓопчели, Куртамзали, Николиќ, Нов Дојран, Органџали, Севендекли, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани, Чаушли и Џумабос |
Адреса на седиште: | Кеј 5-ти Ноември б.б. 1487 Стар Дојран |
Телефон: | 034 225-312 |
Факс: | Нема |
Веб страница: | Нема |
Е-Пошта: | Нема |
Претставници | |
Градоначалник | Ристо Гушев |
Претседавач | - |
Членови на совет | 9 |
Содржина |
[уреди] Географиja
Градот и езерото Дојран се наоѓа во југо-истончниот дел на Република Македонија,на околу 170 км. од главниот град Скопје. Планината Беласица се протега на север од ова природно езеро. Фактот дека оваа низина се отвора на југот ја определува неговата медитеранска клима која се карактеризира со топли и суви лета и свежи,влажни зими. Тој се наоѓа на тромеѓето помеѓу Република Македонија,Република Бугарија и Грција.
[уреди] Историja
Студиите покажуваат на фактот дека оваа локација била населена дури од пред нашата ера.Инскрипции кои датираат од 5 в.п.н.е. го опишуваат животот на просторите на денешната територија на Дојран во предисториско време. После Римскиот период,Дојран бил под Византијска јурисдикција и му било дадено името Полин (Polin) значејки-Град. Во 1391 год. Турците го освојуваат Дојран и староседелците се присилени да се преселат на територијата денес позната како Стар Дојран. Во 19 век Дојран станува прекрасен град сместен на падина од која се гледа езерото,мали дуќанчиња и дрварски работилници. По бомбардирањата во Првата Светска војна населението било приморано повторно да се сели, но овој пат за последен пат во местото денес познато како Нов Дојран.
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
10 метри длабокото езеро се наоѓа на 48 метри надморска висина и е најмалечкото езеро во Република Македонија покривајќи површина од 42,7 км2.Езерото Дојран е формирано во Неогенот и е од тектонско-вулканско потекло.Нербетници,'рбетници,12 вида на ендемска фауна,15 типови на риба и неколкуу видови на птици го населуваат ова езеро.Тоа е познато по специфичниот начин на риболов со помош на птиците кои ги бркаат рибите во јата директно во рибарските мрежи. Во последната декада на 20-от век Дојран се соочи со еколошка криза и навидум безпомошно.Тоа дојде на очаен водостој на помалку од 50% од оригиналниот,ендемските видови почнаа да изумираат,се случија мутации на дел од флората,дојде до работ на изумирање на поголем број на видови на риби,климата се смени,но сепак со проект финансиран од Владата на Република Македонија езерото Дојран се спаси од тотално уништување и неговиот водостој почна да се нормализира. Денес проектот сеуште функционира и водостојот е речиси на истото ниво како и пред катастрофата,но сепак дел од флората никогаш нема да се врати.Напорот кој е вложен во овој бисер на природата сепак се исплати,имено,голем број од младите луѓе кои својата перспектива ја бараа во некој од поголемите градови од републиката,се почесто се одлучуваат да останат во ова градче и да допринесат во доизградбата на неговата инфраструктура за хотелски и приватни сместувања.Поголем број од пропаднатите државни хотели веќе се успешно приватизирани и работат под полна пареа за да завршат со изградба до следната летна сезона. Државното претпријатие за стопански риболов на Дојранското езеро,исто така е успешно приватизирано и сега засега работи успешно.
Ноќниот живот во Дојран секоја година е сѐ подобар и подобар. Дојран станува вистинска дестинација за деновите како Илинден,1 и 2 мај,Божиќ и слични државни празници. Летниот одмор во Дојран може да ви овозможи и пријатни одморни денови,и врвулици по градскиот пазар. Можеби токму Дојран е местото кое можеби ќе заврши како една среќна приказна за еден град.
[уреди] Редовни настани
Еден од позначајните настани во Дојран се т.н. Дојрански ракувања,кои се оддржуваат секое лето во почетокот на месецот Август во времетраење од неколку дена. Настанот е организиран од локалната самоуправа и на него настапуваат ансамбли од повеќе држави (играорци,драмски театри и сл.)
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
Tusevski GOCE
[уреди] Надворешни врски
http://www.bryanhollamby.co.uk/star-dojran/index.htm
http://www.macedonia.co.uk/client/index1.aspx?page=265
http://www.enterobuka.com.mk/grozdanoskik/dojran%20maked.htm