Островско Езеро
Од Википедија, слободна енциклопедија
Островско езеро Βεγορίτιδα |
|
---|---|
Податоци | |
Надм. висина: | 543 м |
Површина: | 54,31 кв.км |
Максимална должина: | 14 800 м |
Максимална ширина: | 6 900 м |
Максимална длабочина: | 70 м |
Островското Езеро (на грчки димотики: Βεγορίτιδα, Вегорѝтида, катаревуса: Βεγορίτις, Вегоритис) е езеро во Егејска Македонија, Република Грција, дел од групата на Егејските езера. Понекогаш се среќава и со името езеро Св.Панталејмон.
Езерото зафаќа дел од териториите на префектура Лерин (Флорина) и префектура Пела. Во североисточниот дел на котлината Острово меѓу планините Ниџе на север и Каракамен на југ. Надморска му висина изнесува 543 метри. Тоа е едно од најдлабоките езера во Грција. Неговата површина е многу намалена по изградбата на две хидроцентрали кај Суровичево и Техово, така што денес неговиот југозападен дел е напълно пресушен. Езерото се полни од Петерското езеро,западно од него, како и од реките Биралска, Ословска и Делова (Аспропотамос) и некои други помали рекички.
Островското и Петерското езеро сочинуваат заеден екосистем, во кој живеат повеќе од 130 видови птици, цицачи като видри и уникални видови риби като Coregonus Lavaretus. Овој простор е живеалиште на ретки и загрозени видови птици како што се:
Гнездат:
Ноќна чапја - Night Herons (Nycticorax nycticorax)
Жолта (Гривеста) чапја - Squacco Herons (Ardeola ralloides)
Мала бела (Сребреникава) чапја - Little Egrets (Egretta garzetta)
Пошироко кај езерото исто така гнездат:
Мал воден бик - Little Bittern (Ixobrychus minutus)
Мал корморан - Pygmy Cormorant (Phalacrocorax pygmeus)
Египетски (Бел) мршојадец - Egyptian Vulture (Neophron percnopterus)
Орел змијар - Short-toed Eagle (Circaetus gallicus)
Блатна еја - Marsh Harrier (Circus aeruginosus)
Ливадска еја - Montagu's Harrier (Circus pygargus)
Лисест (Белоопашест) глувчар - Long-legged Buzzard (Buteo rufinus)
Златен (Скалест) орел - Golden Eagle (Aquila chrysaetos)
Обична вртимушка - Common Tern (Sterna hirundo).
Се гледаат и:
Белоопашест орел - White-tailed Eagle (Haliaeetus albicilla). Among the wintering water birds, we can see the
Цуцулест нуркач - Great Crested Grebe (Podiceps cristatus)
Патка превез - Red-crested Pochard (Netta rufina)
Лиска - Coot (Fulica atra).
Кај Островското езеро са наоѓаат Острово (Арниса) и село Чеган од неговата северна страна, село Пателе (Агиос Пантелејмонас) од западната и селата Колачка (Мањаки), Укелмеш (Фаранги) и Кочана (Переа) од источната.