Пасторална поезија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пасторална поезија е книжевно дело во кое се работи за животите на овчарите или воопшто за руралниот живот, каде типично се прикажува констрастот помеѓу простодушноста и спокојството на едноставниот живот и маката и расипаноста на градскиот, а особено дворскиот живот.
Содржина |
[уреди] Дефиниција
Ликовите во пасторалната поезија често се користат како двигатели за изразување на моралните, општествените или книжевните гледишта на авторот. Во оваа поезија се среќава и средството наречено „натпревари во пеење“ помеѓу два или повеќе овчари. Темата е обично љубов или смрт.
[уреди] Историја на пасторалната поезија
Изразните средства на пасторалната поезија воглавно биле поставени од Теокрит. Оваа традиција прешла од Грција во Рим, каде Вергилиј алудирал на современите проблеми на селското општество кое тој го отсликувал. Вергилиевите Еклоги извршиле силно влијание врз поетите од Ренесансата.
Пасторалниот тренд во англиската поезија се јавува во 1579 со делото „Овчарски календар“ (Shepheardes Calendar) од авторот Едмунд Спенсер.
[уреди] Пасторални поети
- Вилијам Браун
- Роберт Грин
- Томас Декер
- Џон Дон
- Вилијам Драмонд
- Мајкл Дрејтон
- Томас Кемпион
- Ендрју Марвел
- Кристофер Марлоу
- Томас Неш
- Сер Волтер Рели
- Сер Филип Сидни
- Финеас Флечер
- Томас Хејвуд
- Роберт Херик
[уреди] Пад
Во подоцнежните столетија, реакциите против извештаченоста на овој жанр, заедно со новите ставови кон природниот човек и природната сцена, резултирале со понекогаш горко вметнување на реалност во рустичните сцени во делата на многу поети и романсиери.
Меѓутоа, пасторалната елегија и натаму останува преку делата на Перси Шели и Метју Арнолд.