Пелагонци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пелагонците се една од етничките заедници кои во антиката населувале дел од територијата на Република Македонија, поточно Пелагонија (областa околу реката Еригон (Црна) до нејзината утока во реката Аксиј (Вардар), во непосредна близина на античката населба Стоби. Главен град на Пелагонија бил Хераклеја, низ времето преименувана во Пелагонија, па во Манастир, а денес Битола.
Нивното име потекнува од херојот епоним Пелагон, кое пак во историските извори за прв пат се среќава во 365 год. пр. н.е., а во врска со пелагонискиот басилеј (крал) кој добил атинска проксенија (граѓанско право кое се давало на странци). Во 363-62 год. пр. н.е. во еден натпис се споменува Менелај Пелагон кој бил доброчинител на Атина. Во наредните децении Пелагонија веројатно влегла во составот на пајонското кралство и се до времето на римското владеење за неа нема никакви документи.