Петар Христов-Германчето
Од Википедија, слободна енциклопедија
Петар Христов | |
---|---|
македонски револуционер
|
|
Роден | непозната село Герман, Егејска Македонија (ден. Грција) |
Починал | 28 февруари, 1907 краj Дробитишта, |
Петар Дамов Христов-Германчето, познат и како Петре Дамовски, е роден во село Герман, Егејска Македонија. Учествувал во Илинденското востание како војвода. По Востанието заминал за САД и оттаму се вратил во 1905 година. Повторно формирал чета и како нејзин војвода дејствувал против Турците и андартите. На 28 февруари 1907 година бил опколен од турски аскер кај селото Дробитишта. За да не им падне жив во рацете, Петар Христов се самоубил.