Пешадија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пешадијата е ред во војската кој опфаќа војници кои се борат претежно на нозе, највеќе со лично оружје и оперираат во рамките на организирани воени едници. Тие можат да пристигнат на сцената на воените дејствија на различни начини и да бидат групирани на чети, или пак да дејствуваат како партизани.
"Пешадија" исто така се однесува на делот од војската во кој служат овие војници. Во текот на историјата, пешадијата секогаш го сочинувала основниот дел од армијата.