Пиктон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пиктон (англиски: Picton) се наоѓа на северниот врв на Кралица Шарлотовиот залив близу северноисточниот агол на Јужниот остров на Нов Зеланд. Населението (2001) му брои 3,063 жители. Наречен е по Сер Томас Пиктон, воениот соработник на Војводата од Велингтон кој загинал во битката кај Ватерлу.
Меѓуостровските фериботи пристигаат и поаѓаат кон Велингтон преку Марлборските заливи. Најголемиот дел од заштитениот дел на маршрутата оди преку Торскиот канал јужно од Арапава. Гратчето Ваикава е две минути возење од Пиктон и двата се пректично еден град. Вакикава има марина која е една од најголемите во Нов Зеланд.
[уреди] Транспорт
The Главната Северна железничка линија и државниот автопат (State Highway 1) го поврзуваат Пиктон јужно со Бленхајм, Крајстчерч и понатаму, додека живопосниопт пат по крајбрежјето (кој е пократок, но поспор) оди западно кон Хевлок.
Далекусежениот патнички воз ТранзКоустал доаѓа од Крајстчерч и линијата завршува во Пиктон.
Околни населени места се Анакива, Ваикава и Шекспиров залив.
Центарот наречен „Edwin Fox Maritime Centre“ го чува бродот Едвин Фокс кој е единствениот останат брод кој превезувал осуденици во Австралија. Момнетално се реставрива и конзервира.
[уреди] Значајни личности родени во Пиктон
- Џудит Адамс - Австралиска политичарка
- Ланс Карнис - Шампион на новозеландскиот крикет-тим
[уреди] Надворешни врски
- Посетете го Пиктон (англиски)
- Шест профили на повразни сајтови (англиски)
- Детален водич за посетители (англиски)