Писателска блокада
Од Википедија, слободна енциклопедија
Писателска блокада е феномен кој се случува кај писателите и се карактеризира со неволност или безидејност во нивната писателска дејност. Обично писателските блокади се случуваат по некој период на екстремна умствена креативна работа од страна на писателот, по која тој се чувствува „истрошен“ и неволен да продолжи со своето пишано дело.
Поимот „писателска блокада“ во некои јазици, па и кај нас, се употребува и да се означи период на некој човек во кој што тој привремено престанува да твори, без разлика дали е тоа пишано дело, музичко дело или друго.