Подземен свет
Од Википедија, слободна енциклопедија
Подземниот свет или подземјето било место каде што мртвите преминувале после нивната смрт. Грчките поeти не биле многу прецизни при неговото опишување. Хомер сметал дека подземјето било место на сенки, место каде ништо не било сосема реално. Според него, подземниот свет бил исполнет со кошмарни чуства.
Подоцна, латинските поети, како Вeргилиј, го опишале подземниот свет како место во кое злобните биле казнети, а добрите наградени со животот после смртта. Виргилиј и географски ја одредил положбата на подземјето, патот до него водел низ местото каде реката Ахерон се влевала во реката Кокитус.
Смртниците, и добри и зли, откако ќе починеле преминувале во подземниот свет. Таму нивниот дух го очекувал судот. Нивната судбина зависела од тоа колку биле храбри и праведни во животот. Оние кои на било кој начин ги навредиле Боговите со сигурност исчекувале страшни измачувања, но оние кои правеле добрини биле наградувани со задгробен живот исполнет со среќа.
За разлика од јудо-христијанските верувања, според Вeргилиј, времето течело во подземниот свет, и живите и мртвите можеле да комуницираат. Правилата, се чини, биле создавани само за некој да може да ги прекрши. Постојат многу митови сместени во подземјето во кои некој од светот на живите се обидува да спаси некого од подземниот свет, или пак Боговите го праќаат да им донесе нешто токму од таму. Токму од овие митови најдобро се дознава за распоредот на нештата во подземниот свет, за неговите правила и за неговите жители.