Поенска вредност на шаховските фигури
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во шахот, шаховските фигури имаат поенски вредности кои служат за одредување на стратешката вредност на секоја фигура. Овие вредности се полезни за играчите, и исто така се користат кај компјутерскиот шах за компјутерот да знае кој потег да во повлече. Пресметувањата на овие вредности даваат само една груба претстава за состојбата на една партија. Точната вредност на една фигура зависи од ситуацијата.
Ова се најчестите вредности на фигурите:
|
|
|
---|---|---|
Кралица |
|
![]() ![]() |
Топ |
|
![]() ![]() |
Ловец |
|
![]() ![]() |
Коњ |
|
![]() ![]() |
Пион |
|
![]() ![]() |
Вредноста на кралот е бесконечна бидејќи неговото губење значи пораз. Во некои програми за копмјутерски шах, кралот има вештачка вредност од 200 поени – произволна вредност поголема од збирот на вредноста на сите фигури заедно плус позициони фактори. Ова му кажува на компјутерот да го вреднува матот повеќе од сите размени и жртвувања.
Компјутерите вршат и дополнителни прилагодувања на оваа поенажа во согласност со разните позициони фактори. На пример, тој одзема 1⁄3 поен за удвоени пиони, изолирани пиони и назадни пиони, се додаваат делови од поени за отворени редови итн. Речиси сите играчи-луѓе ваквото позиционо вреднување го прават без нумерички вредности.
[уреди] Промена на вредностите во завршницата
Релативната вредност на фигурите се менува како што играта се ближи кон својот крај. Релативната вредност на пионите и топовите се зголемува, додека вредноста на ловците се намалува. Коњот ја губи моќта, а и кралицата донекаде губи сила. Еве некои примери (Албурт и Крогиус, 2005:402-3):
- Кралица против два топа
-
- Еднакви во мителшпилот (средина на партијата)
- Двата топа се донекаде помоќни во завршницата. Без други фигури на таблата, два топа се еднакви на кралица и пион.
- Топ против две лесни фигури
-
- Во отворањето и мидшпилот, еден топ и два пиона се послаби од два ловца; еднакви со или само малку послаби од ловец и коњ; и еднакви на два коња
- Во завршницата, еден топ и еден пион се еднакви на два коња; еднакви или само малку послаби од ловец и коњ. Еден топ и два пиона се еднакви на два ловца.
[уреди] Видете исто така
- Функција на вреднување
[уреди] Консултирана литература
- Lev Alburt и Nikolay Krogius, (2005). Winning Chess Endgames — Just the Facts!, Второ издание, Chess Information and Research Center (дистрибуирана од W. W. Norton), ISBN 1-889323-15-2
- Larry Evans (1967). New Ideas in Chess Cornerstone Library (Доверско издание ISBN 0486283054)
- Kaufman, Larry (1999). The Evaluation of Material Imbalances, Chess Life, March 1999.
- Soltis, Andrew (2004). Rethinking the Chess Pieces, Batsford, ISBN 0-7134-8904-9