Википедија:Портал/Википолитика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Разно - пиши
Идеи - пиши
Новости - пиши
Техника - пиши
Вики политика - пиши
Правопис и граматика - пиши
Помош - пиши
Критики - пиши
Other languages - message
Авторски права
Упатство за уредување
Уредување страници
Почнување нова статија
Конверзија во кирилична поддршка
Подредување по азбучен редослед
Содржина |
[уреди] Предупредување
Последниве два дена имаше многу лични препукувања и навреди на страниците на Википедија. Бидејќи станува збор за енциклопедија, вакви работи веќе нема да се толерираат. Секоја наредна лична навреда, вандализам или сл. ќе ја санкционираме со блокирање. --Милош 00:38, 25 Мај 2006 (UTC)
[уреди] Одбрани статии - предлог за конечно решавање на политиката на избор
Ова е дел од мојот разговор со Бојан Јанкулоски, во врска со политиката поврзана со изборот на одбрани статии. Неговиот предлог беше да одат 2 статии неделно кои би ги избирале администраторите, но после рече дека и мојот предлог е во ред. А еве го мојот предлог:
- Мислам дека 2 статии неделно е малку пренагла промена, подобро би било една статија неделно, сега за сега. Што се однесува до гласањето, предлагам да остане исто, со тоа што сега наместо статија на месецот ќе се предлага статија на неделата. Доколку нема предлози, предлагам Бојан, јас, ти или Милош да поставиме статија, што би ја договориле преку меилинг листата (патем, добивате ли меилови сега или не??). Доколку има предложени статии кои не се квалитетни, се кажува дека тие не се погодни за одбрани статии, или се предложува подобра. Ако има повеќе предложени статии, неизбраните може да останат како предлози за одбрани статии следната недела. Демократскиот принцип на бирање, мислам да остане, зошто таков принцип применуваат и другите Википедии, а се задржува и духот на Слободна енциклопедија - енциклопедија во која учествува и читателот. Ако се плашиш од мајоризација, не верувам дека тоа ќе се случи во догледно време, а мислам дека би било штета на некој, како на пример, Majahm да не учествува во гласањето. Ласер нека седи, да речеме, до следната недела (11 јуни), потоа почнуваме со овој систем. Што мислиш за ова? (може треба дискусијава да ја префрлиме на порталот...) --FlavrSavr 22:19, 2 Јуни 2006 (UTC)
Значи, што мислите за ова? --FlavrSavr 15:56, 3 Јуни 2006 (UTC)
- И јас мислам дека две статии неделно се многу, иако продуктивноста на Бојан Јанкулоски е неверојатна (понекогаш си помислувам дали воопшто спие или јаде :-). Дали е возможно од статиите на неделата да се бира статија на месецот? --Majahm 16:14, 3 Јуни 2006 (UTC)
- Се согласувам со FlavrSavr околу гласањето, и мислам дека една статија неделно е доволно. За предлогот на Majahm, можеме да ставиме дел „Статии за почит“, „Одлични статии“ или сл, кои би ги менувале на, како што кажа, месец дена. Тие немора да ги бираме од тековниот месец, едноставно би биле најпретставително нешто за нашата википедија. BTW FlavrSavr, одма да дојдеш на месинџер. --Милош 16:32, 3 Јуни 2006 (UTC)
Јас сум за една статија неделно. Изгледа добро сега за сега. Boyan 16:47, 3 Јуни 2006 (UTC)
[уреди] Статии на англиски јазик
Денес имавме еден куп статии на англиски јазик. Без разлика што во нив е ставен шаблонот "Превод", сепак мислам дека оваа практика треба да престане. Всушност, кога ќе размислам, подобро беше да не се ни почнува. Со тоа се отвара легитимитет на Википедија на македонски јазик, да се пишуваат статии на бугарски јазик, грчки јазик, албански јазик, српски јазик, германски јазик, а зошто не и кинески јазик? Ваше мислење? --FlavrSavr 21:11, 5 Јуни 2006 (UTC)
- Па во право си, поствување на голем број статии на туѓ јазик не е во ред, едноствно неможе да се преведат за кратко време. Сепак можеби е потребен некој краток рок кој би се дал за превод на некоја статија (на пр. 1 ден), па доколку тоа не се испочитува тогаш да се бришат. --Majahm 21:29, 5 Јуни 2006 (UTC)
-
- Во ред. --FlavrSavr 23:12, 5 Јуни 2006 (UTC)
-
-
- На српската википедија исто је било много статии на англиски јазик. Онда смо изгласали да се све што неје писано по српски јазик брише или пребаци на статију корисник нпр. Корисник:Јованвб/име_статије_која_није_преведена. --Јованвб 11:01, 8 Јуни 2006 (UTC)
-
[уреди] Барање за бот статус
Да биде се по процедура, барам бот статус за Корисник:MisosBot. За почеток ќе го користам за интервики врски (interwiki.py од pywikipedia), подоцна може и за нешто покорисно :) Ќе го оставам на пауза 5 дена, ако нема забелешки до тогаш повторно ќе го активирам. --Милош 16:43, 5 септември 2006 (UTC)
[уреди] Корисник:GrekoMakedonski/Македонија (Грција)
Ќе ми каже ли некој што точно е проблемот со Корисник:GrekoMakedonski/Македонија (Грција) ??? --FlavrSavr 12:27, 5 октомври 2006 (UTC)
- Па тоа оди нешто вака - тој е од оние националистички настроени типови кои мислат дека "неговата земја има историско право над Македонија". Повремено "застанува" на македонската Википедија и ги вандализира статиите за Република Македонија (каде пишува "П.Ј.Р.М."), Егејска Македонија и сл. Тој само тоа го прави на Википедијава. Затоа, и јас предлагам негово банирање, па ако треба и повторно да се банира ако пак се регистрира и продолжи така. Мислам дека Греко е сокпапет на Telex, кој исто така знае албански и се "бори" за истата "кауза" на англиското Вики (а и го става истото знаме на корисничката страница). Boyan 16:01, 5 октомври 2006 (UTC)
-
- Вака, текстот што се брише е 99% земен од текстот на Егејска Македонија, освен табелата мислам, и некои податоци кои се очигледно на бугарски. Самиот текст содржи податоци за Македонците во Егејска Македонија, така што, ако тој прави пропаганда за тоа - супер! Но тоа е надвор од поентата - главната поента ми е дека не треба овие корисници да ги "казнуваме" или етикетираме на било каков начин: што постигнуваме со тоа? Во ред, признавам дека некои провокативни содржини од нивните кориснички страници страници треба да се отстранат, но навистина не знам што е проблемот со конкретната страница. Исто така, сите треба да сме свесни дека GrekoMakedonski не може да направи позначителна штета на Википедија, така што паничните испади од наша страна навистина не ги сфаќам - ако прави проблеми, се блокира, ревертира и готово. Нема потреба од херојски одбрани на "македонскиот народ" и слични епови. Ако сака некој да го брани нашиот народ, нека ги прочита Википолитиките, нека земе да чита и цитира историски извори, и нека се ангажира на англиската Википедија, таму каде што навистина има голема опозиција. Секој е "херој" во сопствениот двор. А за каузите, Boyan, те сфаќам комплетно, ама како што кажа еден наш пријател од Островот, тие се само реакционерни. Кога-тогаш, ќе бидат победени. Инаку GrekoMakedonski веројатно е sockpuppet на Asteraki... Telex е сепак нешто поинтелигентен. :) Поздрав! --FlavrSavr 23:02, 5 октомври 2006 (UTC)
- Потполно се согласувам со тебе, и јас не реагирав за страницата на Греко (таа му смета на Македонец, мислам), туку за последиците што ги предизвикува овој корисник — страници поврзани со Македонија и Македонците на мк. Вики да се заштитени постојано поради нападите на таквите како него (очигледни sockpuppets)... Навистина станува досадно :-) Поздрав! Boyan 11:25, 6 октомври 2006 (UTC)
[уреди] Лиценцирање слики
Претпоставувам дека приметивте дека под формата за подигнување на датотеки има изборник за лиценца. Ова поле стои на сите википедии, па треба да се почитува и кај нас. Согласно официјалната политика на Викимедија Фондацијата, сите слики/дела што се подигнуваат треба да имаат соодветни лиценци. Според тоа, сите нови слики што што немаат соодветна лиценца треба и ќе се бришат. Бидејќи немаше официјално соопштение за ова, од следнава недела треба и да почнеме со применување на ова правило. Листа со опис на постоечките шаблони за лиценци може да се најде на Википедија:Лиценци за слики. Доколку некој шаблон постои на некоја од останатите википедии, а го нема кај нас, преведете го и оставете порака, јас ќе го додадам во изборникот.
Доста често се случува да се става лиценца безврска, само колку да стои нешто. Ваквите слики исто така ќе се бришат. Постојат голем број на слободни слики кои може да се користат, нема потреба да се кршат авторски права. Викимедија ризницата е добро место за почеток.
--Милош 15:41, 8 октомври 2006 (UTC)
- Да, крајно време е... Една од главните задачи на администраторите всушност е да се проверува дали материјалот што се донесува на Википедија е слободен за користење (т.е. не е заштитен со авторски права), ние досега тоа некако го забошотувавме, ама со тоа оставаме простор за проблеми на самата Викимедија Фондација. --FlavrSavr 15:47, 8 октомври 2006 (UTC)
[уреди] Предлог систем за гласање
Сите гласања до сега одеа некако произволно, па мислам дека треба да се договориме за некаква официјална политика. Мојот предлог е:
- Се гласа со шаблоните {{За}}, {{Воздржан}} и {{Против}}, по што следи името на корисникот заедно со датум (--~~~~).
- Гласањата за барање за позиција администратор/бирократ да траат 2 недели од почетокот на поставувањето на барањето. Предуслов за поставување барање за позиција администратор/бирократ е барем 100 уредувања во главниот именски простор. Кандидатот во рок од тие две недели треба да одговори на евентуални прашања од други корисници во врска со неговата кандидатура. Кандидатурата се смета за успешна ако за него гласале над 90% од корисниците (невклучувајќи и воздржаните корисници). *
- Барањата за бот статус да траат минимум 3 дена, веднаш потоа некој бирократ може да ги исполни, бидејќи за сега немаме никаква штета од нив.
- Гласањата за одбрани статии да траат се до поставувањето на статијата. Доколку нема предлог, било кој корисник може да постави статија, под услов да е добро форматирана и да не обработува некоја провокативна тема.
- Сите останати гласања да траат по 7 дена, и да се сметаат за изгласани ако за гласале над 80% од корисниците (невклучувајќи и воздржаните корисници). *
По завршетокот на секое гласање, корисникот што го „подигнал“ тоа барање треба сам да го затвори гласањето.
- под корисници мислам само на оние кои гласале
Бидејќи немаме политика за сега, гласањево нека стои отворено до 20 јануари (14 дена). --Милош 17:52, 3 јануари 2007 (UTC)
- Дечки, затоа што од вчера сум член на википедиа, би сакал некој од администраторите да ми помогне да ги лицензирам сликите што ги качив на википедиа. Тие се ретки, и се направени пред повеќе од 100 години. --[[Корисник:Revizionist|Revizionist]
[уреди] Гласање
-
За {{{1}}}, видете Портал/Википолитика (појаснување).--Милош 17:52, 3 јануари 2007 (UTC)
Против --
guitardemon666
муабет
guitardemon666
18:13, 3 јануари 2007 (UTC)
[уреди] Коментари
мислам да не се бројат воздржаните гласови (така е на англиската википедија) тие да бидат само како начин за додавање на коментари... пошто ако се бројат и тие, нема разлика дали некој гласал воздржан или против туку исто е... мислам дека е океј 75% за сите гласања (освен за бирократи, а за обични админи доста се и 80% мислам) без броење на воздржаните... од текстот шо го преведов за администратори, видов како оди на англиската, и така е (отприлика)
guitardemon666
муабет
guitardemon666
18:13, 3 јануари 2007 (UTC)
- Хм, во право си за возджаните, ќе сменам. Сепак, уште стојам дека за администратори требаат 90 % бидејќи за разлика од англискта, ние сме мала заедница па администрацијата би требала да има посилна подршка од корисниците. --Милош 18:20, 3 јануари 2007 (UTC)
-
- Мислам дека 90% е можеби нешто престрого. Сум видел како се гласа за администратор на англиската Википедија со праг од 70-80%, и луѓе, навистина се таму строги критериумите. За најмала грешка во комуникација со некој друг корисник, човек не бива администратор. Можеби треба да поработиме повеќе на тоа да поставиме квалитативни критериуми одошто квантитативни: во смисла, кандидадот да објасни зошто сака да стане администратор, понатаму, да внимаваме на односот на потенцијалните администратори со корисниците (Гитар, сеуште мислам дека тоа тебе ти е огромен минус), да внимаваме колку потенцијалниот администратор ја запазува NPOV.. итн. Што се однесува до другите точки, се сложувам. Како додатен предлог, предлагам да се направи некаков механизам за да се спречи падобранско гласање (корисникот да мора да има направено минимум толку и толку едити за да може да гласа) --FlavrSavr 03:14, 8 јануари 2007 (UTC)