Пченка
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
[уреди] Пченка
Пченката е значајна житна култура од семејството Poceae (or Gramineae) потекнува од новиот свет, од каде се прошири низ целиот свет. Американските Индијанци ги учеле колонистите како да одгледуваат пченка, вклучувајќи и неколку видови жолта пченка кои се уште се популарни како храна, како и видови црвени, сини, розеви и црни зрна често свиткани, со точки или пруги, кои денес се сметаат за украсни во САД и се нарекуваат индијанска пченка. Високото, едногодишно стебло и големи прави лисја со брановидни краеви. Пченката се користи како добиточна храна, храна за луѓето и како за индустриска обработка. Иако е главна храна во повеќе земји, инфериорна е во споредба со хранливата вредност на другите житарки. Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи. Пченкарните лушпи имаат долга историја на користење во фолклорната уметност за предмети како амалии и кукли. Пченката е едно од најразнесуваните хранливи растеија во светот, по зсаденост е надмината само од пченицата и е најважна житна култура во САД. Пченката е значајна житна култура, која освен во исхраната на луѓето, се користи како суровина во индустријата и за исхранување на домашните животни. Пченката најдобро успева во низините и во котлините каде што има доволно влага и топлина. Најпознти области за одгледување на пченка се: Мисисипската, Панонската, Ломбардиската, Блашката, Источно-Европската низина, Аргентина, Бразил, Мексико и други. Најголеми извозници на пченка се САД, Франција и Бразил, а најголеми увозници се Јапонија и Германија.