Пјаца
Од Википедија, слободна енциклопедија
Piazza е отворен плоштад во град во Италија. Терминот може да се постовети со шпанскиот plaza. Piazza има различно значење во Британија и САД. Во Етиопија, се користи за означување на дел од град. Кога Ерл од Бедфорд го развил првиот приватно-финансиран јавен плоштад во Лондон, Covent Garden, неговиот архитект Иниго Џонс го опкружил со аркади, во италијански стил. Во лондонската аристократија, piazza се поврзува со аркадите (наречени пјаци), а не со самите плоштади.
Денес во Британија piazza главно означува отворен поплочен простор за пешаци, без трева или растенија, често лоциран пред значајна градба или продавници.
Во САД, во раниот 19-ти век, piazza станало егзотичен назив за колумнизиран трем.
Piazza често се појавува како презиме кај италијанци и италијански-американци. Името потекнува од регионот околу Венеција. Голем дел од овие фамилии денес живеат во Калабрија, Сицилија и Венеција.
[уреди] Поврзани статии
- Плоштад
- Plaza
- Листа на плоштади