Растенија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Растенија | ||||
---|---|---|---|---|
![]() |
||||
Систематика | ||||
|
||||
Оддели и пододдели | ||||
|
Растенијата се многуклеточни автотрофи што обично живеат прикрепени на почвата. Најраните фосили од растенија се од почвени, т.е. васкуларни растенија. Фосилните и биохемиските истражувања укажуваат на тоа дека растенијата еволуирале од многуклеточни зелени алги. Генерално, растенијата се делат на неваскуларни (оние кај кои ситестите клетки не содржат лигнин) и васкуларни (оние кај кои ситестите клетки содржат лигнин).
Содржина |
[уреди] Растителни клетки,ткива,органи и органски системи
- Раститителните клетки, за разлика од животинските, покрај универзалните органели содржат и клеточен ѕид, кој го содржи јаглехидратот целулоза и често имаат пластиди во нивната цитоплазма.
- Растителните ткива можат да бидат меристемски или трајни (диференцирани).
- Растителните органи се групирани во две групи- генеративни и вегетативни.
- Органски системи, растенијата ги имаат два- стеблолисен и коренов.
[уреди] Еволуција на растенијата
Се мисли дека растенијата еволуирале од веќе спомнатите зелени алги, меѓутоа не се знае точно кои. Така, различни групи на зелени алги се спомнуваат дека се предок на растенијата, но, најчесто се спомнуваат харофитите. Кладистичките студии го поддржуваат вклучувањето на харофитите (па и колеохеталите) како сестрински таксон на васкуларните растенија. Тие тоа го појаснуваат со тоа што пред околу 500 и 400 милиони години некои алги (кои живееле во океаните) транзитирале на копното, станувајќи растенија со развивање на серија од адаптации кои им помагале да преживеат надвор од водата. Стеблените, т.е. васкуларни (воздушни) растенија се појавиле пред околу 350 милиони години,со што по неколку години (пред 300 милиони години) се појавуваат и првите шуми.
[уреди] Животен циклус на растенијата
Во својот животен циклус, растенијата имаат т.н. смена на генерациите: диплоидно,споропродуцирачко растение (спорофит), кое е алтернативно со хаплоидното гаметопродуцирачко растение (гаметофит). Кај растенијата митозата се случува во спорите, кои се продукт од мејозата, а стануваат плодни во гаметофитната генерација (фаза). Големината на гаметофитот достигнува од три клетки (во поленот) до неколку милиони (кај нижите растенија, како мововите). Смената на генерациите се случува кај растенијата каде по спорофитот следи гаметофитот. Спорофитната фаза произведува спори со мејоза во спорангиум. Гаметофитната фаза произведува гамети со митоза во антеридиум и/или архегониум. Во царството на растенијата, доминантноста на фазите варира. Кај неваскуларните растенија и мововите, доминантен е гаметофитот. Васкуларните растенија покажуваат прогресија на зголемена доминантност на спорофитот, и тоа од папратите и нивните сродници, па се до скриеносемените растенија.
[уреди] Хомоспорија и хетероспорија
Растенијата имаат натамошни варијации во нивните животни циклуси. Така, има растенија кои продуцираат бисексуален гаметофит. Тој потекнува од т.н. изоспори (грчки:iso-исто) што се со иста големина. Оваа појава се нарекува изоспорија или хомоспорија (грчки:homo-исто). Кај растенијата, пак, кои произведуваат одделни (хетеросексуални) машки и женски гаметофити, тие им потекнуваат од спори со различни големини (хетероспори, од грчки:hetero-различно). Машкиот гаметофит продуцира сперма, која е асоцирана со микроспори. Женскиот гаметофит е асоциран со мегаспори. Оваа појава, хетероспорија, ботаничарите ја сметаат за значаен чекор кон развитокот на семето.