Ролс-Ројс Фантом III
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ролс-Ројс Фантом III Rolls-Royce Phantom III |
|
Произведувач: | Ролс-Ројс |
---|---|
Производство: | 1936–1939 произведени 727 |
Претходник: | Ролс-Ројс Фантом II |
Наследник: | Ролс-Ројс Сребрен Призрак |
Класа: | Луксузен автомобил |
Мотор: | 7338 кс V12 |
Пренос: | 4-брзински рачен |
Меѓуосовинско растојание: | 3607 mm |
Фантом III (Phantom III) бил последниот голем предвоен Ролс-Ројс. Се појавил на пазарот во 1936 год, наместо неговиот претходник Фантом II.
Ова возило се раликувало од другите по својот целосно алуминиумски V12 мотор. Со 95.2 mm пречник и 114.3 mm клип, новите дванаесет цилиндри биле со зафатнина од 7.3 Л (7338 кс). Ова бил мотор со надвентили управувани од едно коленесто вратило помеѓу лежиштата на цилиндрите. Ова е последниот V12 Ролс-Ројс сѐ до 1998, со појавувањето на моделот Сребрен Сераф.
Друга важна карактеристика на автомобилот била самостојната амортизација напред, базирана на конструкција од Џенерал Моторс. Оваа амортизација на принцип на спирална пружина била дополнета со додатна полуелиптична пружина одзади.
И тука наоѓаме 4-брзински рачен менувач со синхронизиран пренос на 2-рата, 3-тата, и 4-тата брзина. Во 1938 била додадена и петта брзина (овердрајв). Возилото имало и серво-кочници на сите четири тркала.
[уреди] Надворешни врски
- Фантом III Техничко Здружение (англиски)