Сагудати
Од Википедија, слободна енциклопедија
Сагудати се словенско племе кое во VII век го населувале просторот околу реката Бистрица (Халиакмон). Северно од Сагудатите било населено словенското племе Драгувити или Драгувичи.
Солунчанецот Јован Каменијат во неговото дело "За заземањето на Солун" во 904 год. вели:
...На запад (од Солун) се простира една рамнина, која завршува до едни други планини, каде се издига еден град, нарекуван Вероја (Бер), град познат како по жителите, така и по сите особини, со кои може да се пофали еден град по конструкција. Во средното пространство на таа рамнина, се наоѓаат некои распрснати села, од кои едни близу до градов (Солун), нарекувани со име Драгувити и Сагудати...