Солидус (монета)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Солидус (латински збор за солид) е златна монета која била емитувана од античките римски и византиски императори. За прв пат солидот бил воведен со монетарната реформа на царот Констанстин I Велики (306-337) во 309 год. Од 314 год. ковањето на солидот се проширило во западниот дел на Царството, а почнувајќи од 324 год. тој бил емитуван од сите царски ковници. Просечната тежина на солидот изнесувала 4,55 г, а неговото емитување продолжило се до монетарната реформа на императорот Алексиј I Комнен (1081-1118). Покрај солидот во оптек биле и неговите фракции семис (половина од солид) и тремиз (третина од солид).