Солунски залив
Од Википедија, слободна енциклопедија
Солунскиот залив (наречен уште и Термајски залив, грчки: Θερμαϊκός Κόλπος) а залив во Егејска Македонија (денешна северна Грција), на Егејското море. Се протега веднаш јужно од Солун, источно од Пиреја и Иматија, а западно од Халкидик. Грчкото име го носи по старото име на градот Солун, Терма, на крајбрежјето на овој залив. Должината му е околу 100 км, а ширината околу 5 км близу Солун, околу 15 кмм северно и до 50 км на југ.
Римјаните го нарекувале заливот Thermaicus, Thermaeus sinus или Macedonicus sinus (Македонски залив).
Населени места на заливот се Сани, Касандреја, античкиот град Потидеа, Нова Мовданија, Агија Тријада, Нов Епиват, Пераја, Солун, нов Калохори, Метони, Пидна, Паралија и Олимпијаки Акти, Агија. Во заливот се влеваат реките Пинеј, Бистрица и Вардар, како и неколку потоци.
Заливот го опркужува Солунското поле и рамнината на север додека на исток и југозапад се протегаат брда и планини. Солунскиот залив има разни пристаништа по помали места, како и најважното пристаниште во градот Солун. Касандрискиот рт се протега источно.