Староегипетска религија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во староегипетската религија, според египтологот д-р Видеман, можеме да разликуваме три главни елементи:
- Соларен монотеизам, т.е. еден Бог, творец на вселената, кој својата моќ ја покажува особено преку Сонцето и неговото делување;
- Култ спрема моќта на природата која се обновува, а се изразува најчесто преку обожување на итифалусни Богови (симболи на создавачката сила на природата, размножувањето, плодноста, обновување на животот, итн.), потоа божици на плодноста и низа на животни и различни божества на вегетацијата;
- Обожување на антропоморфни божества, т.е. богови со човечки особини, предности и слабости, чиј живот на овој или на оној свет бил пример за идеалниот човечки живот. Во овој вид божество спаѓа Озирис.