Стефан Влахов Мицов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Стефан Влахов - Мицов е универзитетски професор и писател, и еден од водечките интелектуалци на современа Бугарија.
Роден на 6 февруари 1956 година, во Габрово, Бугарија.
Во родното место учи математичка гимназија, а на софискиот универзитет “Св. Климент Охридски” специјализира историја (со потесна специјалност балканистика), филозофија и реторика, кои ги завршува со одличен успех. Успешно ја заштитува дисертацијата по социологија на политиката на тема “Општење и претстави на Бугаринот за светот (до Преродбата)”. Од 1984 г. е предавач на Филозофскиот факултет на Софискиот универзитет. Доктор е на филозофските науки.
Има објавено книги во различни области: литературна критика, философија на историјата, социјална психологија, политологија.
Од 1990 до 1998 година. е заменик претседател на Сојузот на слободните писатели на Бугарија, а потоа и негов претседател. Секретар е на Друштвото за бугарско-македонско пријателство.