Стоа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Стоа во старогрчката архитектура; е покриен пасаж или портико, обично за јавна употреба. Првобитните стои биле отворени на влезот, а столбовите биле бочно, сочинувајќи засолниште. Се обично во Дорски ред. Подоцна тие имале два спрата, со покрив над колонадите каде биле сместени продавници и канцеларии и биле направени во јонски стил. Овие згради биле за јавна употреба; тука трговците ја продавале својата стока, уметниците ги изложувале своите дела, а на ова место исто така се одржувале и верски собири. Стоите обично ги окружувале пазарите во големите градови.
[уреди] Насликаниот трем
Насликаниот трем (стоа поикиле), подигнат во III век п.н.е., се наоѓала на северната страна на атинската агора. Ова било местото каде философот Зенон Китионски држел стоички предавања. Така, името на оваа школа доаѓа од името на зградата, имено „стоа“.
[уреди] Познати стои
- Стоа поикиле, „насликан трем“
- Аталова стоа
- Стоа Базилејос (Кралска стоа)
- Зевсова стоа at Athens
- Стоа Амфијарајон
- Стоа на атињаните
За целосна листа, видете Листа на стои.