Стоју Хаџиев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Стоју Хаџиев e роден во 1879 во село Голешово, Мелничко. Учител, во 1900 е секретар на демирхисарската чета, а подоцна и војвода. Во 1901 година е во четата на Јане Сандански. Во 1905г. е делегат на Рилскиот конгрес на ВМОРО од Струмичкиот револуционен округ. Учестува во детронирањето на султанот Абдул Хамид и во политичката активност на серчани за време на младотурскиот режим. Во 1912, заедно со Александар Бујнов е избран за пратеник на Народната федеративна партија во турскиот парламент. Во Првата светска воjна како бугарски воjник се бори против српските, француските и британските сили. Во 1919 г. е бугарски окружен управител во Струмица. Убиен е во 1924 од терористи на ВМРО во село Покровник, Пиринска Македонија.