Теорба
Од Википедија, слободна енциклопедија
Теорба (италијански: tiorba) е вид на долговратна лејта усовршена во доцниот XVI век, заради потребата од поголем басов опсег за употреба во оперите на Фиренската камерата и новите музички дела на основа на басо континуо.
Музичарите ја конструирале теорбата со адаптација на бас лејта (должина на жици ц.80+ см) со додаток на вратот каде додале бас жици, наречени дијапазони. Слични адаптации на тенор лејти (должина на жици ц.55+ см) резултирале во создавањето на надлејтата, која е слична по изглед, но различно наштимана. Штимањето на теорбата генерално се карактеризира со со октавно поместување на двете најгорни жици, со тоа ограничувајќи го горниот дијапазон на инструментот.
При изведбата на басо континуо, теорбата често се свири заедно со мала органа. Теорбата се користела сè до средината на XVIII век.
[уреди] Видете исто така
- Торбан, источноевропскиот предок на теорбата
[уреди] Надворешни врски
- Виртуелна страница на теорбата (англиски)
- Повеќе информации за теорби (англиски)
- Китароне, надлејта и теорба (англиски)
- Питер Мартин - лејта (англиски)
- Marcello Арман-Пилон, изработувач на лејти (англиски)