Термодинамички потенцијали
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во термодинамиката, термодинамичките потенцијали се параметри вклучени во еден термодинамички систем и кои имаат димензии на енергија. Се нарекуваат потенцијали бидејќи ја опишуваат количината на потенцијална енергија во еден термодинамички систем кога е изложен на некои промени. Различните потенцијали кореспондираат со различните промени на кои може да е изложен системот. Четирите најважни термодинамички потенцијали се:
Име | Формула | Природни променливи |
Внатрешна енергија | ![]() |
![]() |
Хелмхолцова слободна енергија | ![]() |
![]() |
Енталпија | ![]() |
![]() |
Гибсова слободна енергија | ![]() |
![]() |
каде T = температура, S = ентропија, P = притисок, V = волумен. Хелмхолцовата слободна енергија се обележува некогаш и со симболот F, но користењето на A е препорачано од ИУЧПХ (IUPAC). Ni е бројот на честички од тип i во системот. Поради комплетност, групата од сите Ni се вклучува во природните променливи, иако тие се игнорираат понекогаш.