Транспорт
Од Википедија, слободна енциклопедија
Транспорт е движење на луѓе, добра, сигнали и информации од едно место до друго. Поимот е изведен од латинските зборови trans („преку“) и portare („носи“).
Содржина |
[уреди] Аспекти на транспортот
Полето на транспорт има повеќе аспекти, кои можат да бидат поделени на три главни: инфраструктура, возила и операции. Инфраструктурата ги содржи транспортните мрежи (патишта, железнички пруги, авионски линии, канали...) кои се користат, како и темињата или терминалите (како што се аеродромите, железничките станици, автобуските станици и пристаништата). Возилата главно се „возат“ на транспортните мрежи. Нив главно ги сочинуваат автомобилите, возовите и авионите. Операцискиот аспект, главно се грижи за контролата на системот. Негови составни делови можат да бидат: сообраќајните сигнали, контролата на летање, како и полицијата и начинот како се финансира системот (на пример, употребата на наплатни рампи или таксата која се плаќа за горивата).
Пошироко говорејќи, дизајнот на мрежите е во домен на цивилното инжинерство или урбаното планирање, дизајнот на возилата во механичкото инжинерство и негови специјализирани подполиња (како наутичкото и воздухопловното инжинерство). Операциите се најчесто специјализирани и можат да припаѓаат на операциските истражувања или инжинерството на системи.
[уреди] Начини на транспорт
Начините на транспорт се сочинето од комбинација на мрежи, возила и операции, и го содржат, пешачењето, транспортот по патишта, железничкиот транспорт, морепловскиот транспорт и модерната авијација.
[уреди] Категории на транспорт
- Транспорт со помош на животни
- Авијација
- Кабелски транспорт
- Транспорт со помош на човечка сила
- Хибриден транспорт
- Вселенски транспорт
- Железнички транспорт
- Бродски трансспорт
- Моторизиран транспорт преку патишта
[уреди] Транспорт и комуникации
Транспортот и комуникациите некогаш се употребуваат со исто, а негогаш со спротивно значење. Така можно е довлоно напредни комуникации да то заменат транспортот, како на пример користње на телефон, наместо посета на некоја особа. Овие начини на комуникација, всушност генерираат повеќе начинини на итеракција, откулку интеракциите „лице во лице“. Растењето на транспортот би било невозможно без комуникациите, кои се витални за напредните транспортни ситеми, од железници до авио-транспортот. Генерално зголемувањето на комуникациите води до зголемување на транспортот и обратно.