Тројанска војна
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тројанска војна
Тројанската војна е всушност судирот мегу Ахајците и Тројанците во местот Троја(илиј) во Мала Азија.Поводот за овој судир е грабнувањето на жената на спартанскиот крал Менелај,Елена, од страна на Парис синот на тројанскиот крал Пријам.Тројанската војна е во главните мотиви на грцката митологија.За автор на Илијадата се смета Хомер кој исто така ја написал и епопеата Одисеја.Прекрасниот стил и мотивот опеан во „Илијада” бил инспирација за многу светски автори да го пренесат во своите дела.Како на пример римскиот поет Вергилиј според Илијадата ја написал својата епопеја „Енеида”.
Митот за јаболкото(Парисовиот суд)
Тројанската војна има свои корени во приказанта за венчањето на Тетеида(божица на морето) и Пелеј.Тие на својата свадба не ја повикале Ерида(божицата на неслогата),така што таа се налутила и бесна влетала на свадбата и фрлила едно златно јаболоко на средината на масата.Па рекла: „Ова јаболко и припаѓа на најубавата”.
Хера,Атина и Афродита сакале да посегнат по јаболкото меѓутоа Зевс одлучил дека Парис,тројанскиот принц,кој го сметале за најубавиот јунак во тоа време,треба да биде судија. Тогаш Хермес отишол кај Парис кој пак се согласил да биде судија.Хера му ветувала моќ,Атина богатство и мудрост,а Афродита-најубавата жена на светот(Елена).Тој ја избрал Афродита и ја грабнал Елена додека нејзиниот сопруг Менелај бил на закопот на својот татко на островот Крит. Елена и Парис се венчале во Троја во 1200г п.н.е.