Учи ме мајко, карај ме
Од Википедија, слободна енциклопедија
Учи ме мајко, карај ме е македонска народна песна. Песната е преработена од македонската етно група Леб и сол, на нивниот втор албум во живо насловен „Live in New York“.
[уреди] Текст
- Еееј, учи ме мајко карај ме
- како да ја земам Лилјана
- Лилјана мома убава
- Лилјана тенка висока
- Лилјана бела црвена
- Лилјана ситен босиљок
- Лилјана една на мајка.
- Учам те синко карам те
- како да ја земиш Лилјана
- повикај триста мајстори
- направи чешма шарена
- наврати вода студена
- сите селани ќе дојдат
- и Лилјанини другарки
- ем сите калеш невести
- белким Лилјана ќе дојде.
- Послуша Стојан мајка си
- повика триста мајстори
- направи чешма шарена
- наврати вода студена
- сите селани дојдоа
- и Лилјанини другарки
- ем сите калеш невести
- кучка Лилјана не дојде.
[уреди] Надворешна врска
Леб и сол |
Бодан Арсовски | Кокан Димушевски | Влатко Стефановски | Гарабет Тавитјан |
Драгољуб Ѓуричиќ | Димитрие Чучуровски | Кирил Џајковски |
Дискографија |
---|
Албуми и мини-албуми: Леб и сол | Леб и сол 2 | Ние четворицата/деветка | Таласна дужина/Дикијева игра | Ручни рад | Бесконачно | Следовање | Калабалак | Тангента | Звучни зид | Као какао | Путујемо | Леб и сол Anthology |
Албуми во живо: Акустична траума | Live Anthology | Live in Macedonia | Live in New York |
Песни: Абер дојде, Донке | Јовано, Јованке | Миле Поп Јорданов | Си заљубив едно моме | Учи ме мајко, карај ме |
Поврзани статии |
Етно музика | Инструментален рок | Македонска авангардна музика |