Хирохито
Од Википедија, слободна енциклопедија
Императорот Хирохито (јапонски: 裕仁) бил цар на Јапонија од 1926 до неговата смрт. Роден е 29 април 1901 починал 7 јануари 1989. Во Јапонија е познат по неговото постхумно име Шоова Тенноо (јапонски: 昭和天皇).
Првиот дел на неговото владеење (1926 - 1945) се случило во времето кога се зајакнувала воената сила на владата. Иако Уставот пропишувал дека само императорот смеел да управува со јапонската империја и нејзината армија и воена морнарица, вистинската ситуацијата била поинаква. Тој всушност претставувал само фигура. Политиката на тогашната влада евентуално довела до војна со Кина (1937 - 1945) и Втората светска војна. Како последица на тоа, и до денес кај некои жители на азиски држави окупирани од страна од јапонската империјална армија, често имаат непријателски однос кон јапонската империјална фамилија.
По јапонскиот пораз во Втората светска војна, САД преку Генерал Мекартур му дозволила на Хирохито да продолжи со неговото владеење, но без традиционалното тврдење дека бил потомок на „Сончевиот Бог“ поради што биле жртвувани многу животи за текот на војната (камикази). На Хирохито и Јапонија им се овозможило да се концентрираат на развивање на економијата во кој домен државата стекнала голем напредок.
Во натамошното владеење на Хирохито тој постанал активен член во општиот јапонски живот. Извршувал многу служби како поглавар на државата со силна јавна присутност во разни церемонии и сл. Неговата улога понатаму многу придонела во поправање и подобрување на дипломатската слика на Јапонија.