Јоносфера
Од Википедија, слободна енциклопедија
На горниот дел од мезосферата се надоврзува слој каде значителен дел од гасните молекули се наоѓаат во јонизирана состојба, поради нивната изложеност на сончевата радијација и другите космички зрачења. Од овие причини, овој слој е познат како јоносфера и неговата маса е 5% од вкупната маса на атмосферата. Воздухот во неа е мошне разреден, а небото е потполно темно, бидејќи сончевите зраци не се одбиваат од разредените воздушни честички и јони.
Јоносферата има рефлектирачка улога при простирањето на електромагнетните бранови со кратка бранова должина. Оваа околност е искористена за обезбедување на радиоврски на поголеми растојанија.